


ЕНЕРГИЈА • ПРИСУСТВО • ПОВРЗАНОСТ
Реики
Тивка енергетска практика што создава простор за одмор, присуство и подлабок контакт со себе.
Во EFEL, Реики го следи човекот — неговото темпо, лични граници и индивидуален начин на одговор. Секоја сесија се одвива со слободна согласност, без присилување и без однапред зададен исход.

ЈАПОНСКА ЕНЕРГЕТСКА ПРАКТИКА
Суштината на Реики
Реики е јапонска енергетска практика во која мирното присуство, намерата и работата со рацете овозможуваат проток на енергија и создаваат простор за подлабоко поврзување на човекот со себе. Пред почетокот на работата, практичарот и клиентот разговараат за она што клиентот го доживува, за поддршката што ја бара и за намерата со која ќе се пристапи кон сесиите. Намерата му дава насока на процесот, но не наметнува однапред определен исход.
Во рамките на Реики традицијата, енергијата се разбира како животен проток присутен во човекот и во природата. Практичарот не ја користи сопствената енергија, туку служи како канал за космичката енергија. Во текот на сесијата, рацете нежно се положуваат на одредени делови од телото или се задржуваат над него, овозможувајќи ѝ на енергијата да протекува во согласност со потребите и подготвеноста на човекот.
Слушање на енергетското поле
Во EFEL, првата сесија воедно вклучува енергетско скенирање, при кое практичарот внимателно го следи енергетското поле и ги забележува местата каде што чувствува застој, тежина, нерамнотежа, телесна неп ријатност или посилен емоционален набој. При скенирањето често јасно се чувствуваат и емоциите присутни кај клиентот. На крајот од сесијата, практичарот ги споделува своите сензации и согледувања како лично доживување од енергетската работа, а не како медицинска дијагноза или апсолутно толкување. Клиентот самиот препознава што од споделеното се поврзува со неговото искуство.
Човекот како целина
Во енергетското разбирање на Реики, човекот се согледува како целина во која физичкото, емоционалното, менталното и духовното тело се меѓусебно поврзани. На физичко ниво, сесиите можат да придонесат за намалување на телесната напнатост, подлабок одмор, олеснување на болката и поддршка на природните процеси на обновување. На емоционално ниво, тие можат да овозможат препознавање, разбирање и постепено ослободување на наталожената тага, лутина, жалост, бес или осаменост. На ментално ниво, Реики може да го смири прекумерниот тек на мислите, да донесе поголема јасност и да му помогне на човекот да ги согледа сопствените обрасци, постапки и избори. На духовно ниво, може да ја продлабочи поврзаноста со сопствената суштина, интуицијата, внатрешното водство и чувството за смисла.
Овие нивоа не се одвоени едно од друго. Олеснувањето во телото може да отвори простор за емоционално ослободување; смирувањето на емоциите може да донесе поголема ментална јасност; а новите увиди можат да го поттикнат човекот да го преиспита начинот на кој живее, односите што ги гради и насоката во која се движи. Кога се практикува редовно, Реики може да поддржи постепено урамнотежување, поголема самодоверба, посвесни животни избори и подлабок процес на лично и духовно исцелување. Практичарот не ги определува овие промени — тие се раѓаат во самиот човек, во негово време и во согласност со неговата подготвеност.

Микао Усуи — изворот и наследството на Реики
Во основата на Реики стои Микао Усуи, јапонски духовен учител и основоположник на системот Усуи Реики Рјохо, кој се развил во Јапонија на почетокот од дваесеттиот век. Во Реики традицијата тој со почит се нарекува Усуи Сенсеи — учителот чија духовна потрага, посветеност и лична практика довеле до обликување на систем во кој работата со енергијата е неразделно поврзана со животните принципи, свесноста и внатрешниот развој. Неговото учење не било ограничено само на положувањето на рацете, туку претставувало пат на лична преобразба и подлабоко усогласување на човекот со себеси и со начинот на кој живее.
Микао Усуи не го задржал ова знаење само за себе, туку го пренесувал на своите ученици и ги поставил темелите на учителските линии преку кои Реики продолжил да живее и да се шири. Благодарение на неговата посветеност и одлуката да го сподели овој систем со другите, денес луѓето низ целиот свет можат да ја практикуваат и да ја искусуваат вредноста на Реики. Неговото дело останува во основата на секоја Реики практика и се пренесува понатаму со благодарност, одговорност и почит.
ТЕМЕЛ НА ПРАКТИКАТА
Присуство, практика и препуштање
Реики не се состои само од положби на рацете и чекори што се следат во текот на сесијата. Начинот на кој практичарот влегува во процесот е подеднакво важен — со смирено внимание, свесност за сопствената состојба и подготвеност да остане присутен без да го забрзува она што се случува.
Присуството се негува и надвор од работата со клиентите. Личната практика му помага на практичарот да ја развива својата чувствителност, да ја одржува внатрешната стабилност и појасно да ги препознава сопствените реакции. Таа не е стремеж кон совршенство, туку редовно враќање кон основите — вниманието, почитта, искреноста и одговорноста со која се пристапува кон другиот човек.
Препуштањето не значи пасивност, ниту отсуство на насока. Тоа е подготвеност процесот да не се води според однапред замислена слика за тоа што мора да се случи. Практичарот останува внимателен, ја следи договорената намера и му дозволува на искуството да се развива во согласност со темпото на човекот.
Кога присуството, практиката и препуштањето се поврзани, Реики не се применува механички. Тој станува внимателен и одговорен начин на работа во кој знаењето и искуството се надополнуваат со човечка чувствителност.
ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП
Човекот пред методот
Реики има основни положби на рацете, начини на подготовка и јасна рамка за работа, а во рамките на практиката секоја сесија се обликува индивидуално. Секој човек доаѓа со различна состојба, животен контекст и причина поради која бара поддршка. Практичарот го зема предвид сето тоа и го приспособува начинот на работа според она што го забележува и чувствува во текот на сесијата.
Во средиштето на работата не е однапред зададен протокол, туку човекот како целина. Неговата состојба, начинот на кој ја прима енергијата и одговорите што се појавуваат во телото и во енергетското поле му даваат насока на процесот. Затоа две сесии не мора да се одвиваат на ист начин, дури и кога се работи со истиот човек.
За да го следи тој индивидуален процес, практичарот се центрира, ја поставува намерата, го следи енергетското поле и промените во протокот, ги избира положбите на рацете и аспектите на кои ќе работи и проценува колку долго ќе остане на одделни позиции. Како канал за енергијата и активен носител на структурата, тој го одржува фокусот и ја води сесијата од почетокот до нејзиното завршување. Знаењето, искуството и чувствителноста развиена со личната практика му овозможуваат да препознае каде е потребно поголемо внимание и соодветно да го приспособи текот на работата.
„Човекот пред методот“ значи дека знаењето се применува со распознавање.
Практичарот ги носи методот, искуството и водството, а човекот ја носи својата индивидуалност, својата состојба и начинот на кој ја прима енергијата. Практичарот ја води сесијата, но ја обликува според човекот пред себе — внимателно, целисходно и во согласност со она што се открива во процесот и со неговите потреби.
ТЕК НА СЕСИЈАТА
Од првиот разговор до тивката интеграција
Секоја Реики сесија има свој тек — од разговорот во кој се препознава она за што човекот бара поддршка, преку подготовката и енергетската работа, до мирното завршување и времето во кое доживеаното постепено се интегрира. Сесијата може да се одвива во живо или на далечина, а во двата случаи започнува со договор, намера и внимателна подготовка.
01
Првиот разговор ја поставува насоката
Пред почетокот, практичарот и човекот разговараат за причината поради која човекот доаѓа, за неговата моментална состојба и за она што би сакал да го поддржи преку сесијата. Практичарот го објаснува начинот на работа, а потоа заедно ја определуваат намерата со која ќе влезат во процесот. Кога сесијата се одвива во живо, однапред се договараат и дали рацете ќе се положуваат нежно врз телото или работата ќе се одвива со рацете оддалечени од телото.
02
Подготовка за тивка работа
Човекот останува облечен и се сместува во удобна положба во која може да се опушти. Пред да започне работата, практичарот се центрира, ја поставува договорената намера и го подготвува енергетскиот простор. Со почетокот на сесијата разговорот отстапува место на тишината. Од човекот не се очекува да следи посебни инструкции, туку да остане во допир со сопственото дишење, телото и внатрешното доживување.
03
Сесијата во живо
Во текот на сесијата рацете нежно се положуваат на договорените делови од телото или се задржуваат над нив. Практичарот го следи енергетското поле, протокот и промените што ги чувствува и според нив ги приспособува редоследот на положбите и времето што го посветува на одделни места. Работата се одвива тивко, со целосно внимание кон човекот и кон она што се развива во моментот.
04
Кога сесијата се одвива на далечина
Реики сесијата може да се одвива и кога човекот и практичарот не се во ист простор. Во рамките на Реики традицијата, оваа работа се темели на разбирањето дека енергетската поврзаност не зависи исклучиво од физичката близина.
Пред сесијата, практичарот и човекот ги договараат времето, намерата и начинот на комуникација. Човекот си обезбедува мирен простор во кој може удобно да лежи или да седи без прекинување. Во договореното време, практичарот се подготвува и ја воспоставува енергетската поврзаност преку постапките за работа на далечина, а потоа ја води сесијата со истата присутност, внимание и одговорност како при средба во живо. Физичкиот допир не е дел од оваа форма, но договорената намера, следењето на енергетското поле и приспособувањето на работата остануваат нејзина основа.
05
Завршување и тивка интеграција
На крајот, практичарот постепено ја завршува енергетската работа и му остава време на човекот мирно да се врати кон вообичаената состојба. Потоа разговараат за неговото доживување и за забележувањата на практичарот од текот на сесијата. Кога работата е на далечина, овој разговор се одвива на претходно договорениот начин.
О на што било почувствувано не мора веднаш да добие објаснување. Во часовите и деновите што следуваат, човекот може едноставно да ги набљудува промените во телото, емоциите, мислите и внатрешната состојба. Интеграцијата е тивок дел од процесот — време во кое искуството постепено го наоѓа своето место.
ЈАЗИКОТ НА ДОЖИВУВАЊЕТО
Секое искуство има сопствен јазик
Секој човек различно ја доживува Реики сесијата. Дури и кај истиот човек, две сесии може да донесат различни чувства и реакции. Во текот на работата може да се појават телесни сензации, емоции, мисли, внатрешни слики, спомени или нови сознанија. Понекогаш искуството е многу тивко и човекот забележува само дека е помирен и поопуштен. Сето тоа се различни начини на кои може да се доживее енергијата во една сесија.
Телото зборува преку сензации
За време на сесијата човекот може да почувствува топлина, свежина, треперење, пулсирање, тежина или леснотија во одделни делови од телото. Понекогаш се менува ритамот на дишењето, телото постепено се опушта, а вниманието се насочува кон она што се чувствува одвнатре. Сензациите може да се менуваат во текот на сесијата, да се појават само на едно место или да бидат многу суптилни.
Емоциите се движат во сопствен ритам
Кај некои луѓе се појавуваат мир, олеснување или чувство на поголема поврзаност со себе. Кај други може да се појави емоција, спомен, мисла или внатрешна слика. Човекот може едноставно да го забележи она што се појавува, без веднаш да бара објаснување. Понекогаш неговото значење станува појасно во разговорот по сесијата, а понекогаш дури подоцна.
Новите сознанија носат појасна насока
За време на сесијата луѓето често добиваат ново сознание за ситуацијата, предизвикот или проблемот поради кој дошле. Тоа може да се појави како едноставна мисла, јасна информација или нов начин на гледање на она што им се случува. На човекот може одеднаш да му стане јасно од каде доаѓа одредена емоција, што стои зад некоја блокада или зошто одреден образец постоја но се повторува.
Понекогаш станува појасно и што може да направи понатаму — кој чекор да го преземе, што да промени или кон што да го насочи своето внимание. Овие сознанија најчесто доаѓаат природно и внесуваат повеќе јасност во она што дотогаш било збунувачко или тешко разбирливо.
Тишината има свој јазик
Не секоја сесија е исполнета со јасни и силни сензации. Човекот може длабоко да се опушти, да остане во мирна состојба или да не забележи нешто посебно додека трае работата. Подоцна може да почувствува поголема смиреност, јасност или поинаков однос кон нешто што претходно го оптоварувало. И тивкото искуство е дел од процесот.
Смислата се препознава одвнатре
По сесијата човекот го опишува она што го почувствувал, а практичарот ги споделува своите забележувања од текот на работата. Овие согледувања не го заменуваат личното доживување на човекот, туку му помагаат да го разгледа од уште една перспектива. Човекот самиот препознава што од кажаното се поврзува со него и какво значење има во неговиот живот.
Секој начин на доживување е личен и вреден. Интензитетот на сензациите не ја определува вредноста на сесијата. Важно е човекот да го препознае она што навистина го почувствувал без однапред да очекува дека мора да се случи нешто точно определено.
ДЕЈСТВО НА ПОВЕЌЕ НИВОА
Поддршката што Реики може да ја понуди
Реики работи со човекот како целина. Неговото дејство не се задржува само на телесната релаксација, туку може да ги опфати физичкото, менталното, емоционалното и духовното тело. Овие нивоа се меѓусебно поврзани: она што човекот го доживува во мислите и емоциите може да се одрази во телото, а промената на едно ниво може да отвори промена и на другите нивоа.
Поддршка на физичкото тело
На физичко ниво, Реики може да го поддржи ослободувањето на наталожената напнатост, длабокиот одмор и природните процеси на обновување на телото. Работата со енергетското поле може да придонесе за тоа човекот подобро да ги почувствува деловите од телото во кои подолго време задржува тежина, стегање или исцрпеност. Кога телото почнува да се опушта, енергијата може послободно да се движи, а човекот да почувствува повеќе леснотија и сила.
Освестување на мислите,
програмите и уверувањата
На ментално ниво, Реики може да помогне да се смират постојаниот внатрешен разговор и мислите што го исцрпуваат човекот. Во таа поголема тишина полесно се препознаваат старите уверувања, внатрешните програми и начините на размислување што повеќе не му служат.
Човекот може да освести зошто постојано реагира на ист начин, што го задржува во одредена состојба и од каде потекнува некој повторлив образец. Со освестувањето се отвора простор да избере поинаков однос кон себе, кон своето искуство и кон она што сака да го промени.
Исцелување на емоционалните рани
Емоциите што не биле изразени или целосно проживеани може долго да останат присутни во енергетското поле и во телото. Реики може да го поддржи нивното постепено ослободување и исцелувањето на последиците од стари повреди, загуби, тешки искуства и трауми.
Во текот на процесот може да се појави емоција, спомен или телесна реакција поврзана со нешто што се случило многу порано. Тоа не значи дека човекот мора повторно да го преживее искуството. Она што излегува на површина може да биде препознаено, прифатено и ослободено во согласност со неговата подготвеност и темпо.
Поголема поврзаност
со духовниот дел од себе
На духовно ниво, Реики може да го поддржи човекот повторно да го почувствува својот внатрешен центар и подлабоката смисла на она низ што поминува. Тоа може да донесе чувство на поврзаност, внатрешна целовитост и поголема доверба во сопствената интуиција.
Оваа работа не му дава готови одговори и не одлучува наместо него. Таа може да му помогне појасно да го слушне она што веќе го знае во себе и да ја препознае насоката што е вистинска за него.
ОСВЕСТУВАЊЕ И ПРОМЕНА
Новите сознанија ја отвораат промената
За време на сесијата или во периодот што следува, човекот може да добие нов увид за себе и за сопствениот живот. Може одеднаш да му стане јасно од каде потекнува одредена емоција, што стои зад некоја блокада или зошто ист образец постојано се повторува. Може да препознае уверување што долго го ограничувало или да согледа што е потребно да направи за нешто да започне да се менува.
Овие сознанија не се наметнати однадвор. Тие се појавуваат од самиот човек, кога е подготвен да види нешто што претходно не можел јасн о да го препознае. На тој начин Реики може не само да донесе привремено олеснување, туку и да поддржи подлабоко освестување, исцелување и преобразување на она што повеќе не му служи.
Секоја Реики сесија работи со она што во тој момент е најприсутно и подготвено да биде допрено. Промената може да започне во телото, во емоциите, во мислите или во духовното доживување, а потоа постепено да се одрази и на другите нивоа. Затоа поддршката што ја нуди Реики не е ограничена на една состојба или еден дел од човекот — таа го следи како целина.
РЕИКИ ВО ИНТЕГРАТИВНИОТ EFEL ПРИСТАП
Пристапот се обликува според човекот
Во интегративниот EFEL пристап, Реики не се применува механички и на ист начин кај секого. Секоја сесија тргнува од човекот — неговата моментална состојба, потребите со кои доаѓа, начинот на кој реагира и подготвеноста да допре одредени слоеви од своето искуство. Работата има јасна основа и рамка, но во нејзините граници пристапот се приспособува на она што му е потребно на човекот во тој момент.
Човекот како целина во интегративниот пристап
Интегративниот пристап не значи во една сесија да се вклучат што повеќе техники. Неговата суштина е човекот да се согледа како целина — низ физичкото, менталното, емоционалното и духовното ниво, но и низ неговиот животен контекст, и скуствата што ги носи и начинот на кој тие се одразуваат во сегашноста.
Затоа изборот на пристапот не произлегува од однапред подготвена формула. Тој се обликува според она што е најприсутно, она што бара внимание и она за што човекот во моментот е подготвен. Понекогаш е потребна тивка и стабилизирачка работа, а понекогаш процесот отвора простор за подлабоко освестување и исцелување на емоции, обрасци и блокади.
Кога Реики и Каруна Ки работат заедно
Реики може да биде целосна и самостојна основа на сесијата. Кога состојбата и потребите на човекот покажуваат дека работата може да биде дополнително поддржана, практичарот може да го комбинира Реики со Каруна Ки.
Оваа комбинација не е однапред определена и не се применува како ист пакет кај секого. Практичарот го избира начинот на работа според човекот со кого работи во моментот — определува кои енергии ќе бидат вклучени, кон кои аспекти ќе биде насочено вниманието, по кој редослед ќе се одвива работата и колку време ќе му биде посветено на секој дел од процесот.
Понекогаш целата сесија останува во рамките на Реики. Во други случаи, Каруна Ки се вклучува во одделен дел од работата или се поврзува со Реики низ целата сесија. Одлуката не произлегува од желбата да се употребат повеќе методи, туку од она што практичарот го забележува во енергетското поле и од она што е соодветно за состојбата, потребите и подготвеноста на човекот.
Пристап што се менува со процесот
Дури и кај истиот човек, две сесии не мора да се одвиваат на ист начин. Она што било потребно во една фаза од процесот може подоцна да се промени. Во текот на работата, практичарот го следи енергетското поле, протокот, реакциите и промените што се појавуваат и според нив го приспособува начинот на работа.
Во EFEL интегративноста не е збир од техники, туку начин на разбирање и присуство.
Човекот не се приспособува на методот — пристапот се обликува според човекот.
Така секоја сесија ја задржува својата јасна основа, но останува индивидуална и насочена кон она што во моментот навистина бара внимание.
ПАТ НА УЧЕЊЕ И ПРАКТИКА
Четири степени — една жива практика
Мојот пат со Реики не заврши со првата иницијација. Тој се развиваше низ четири степени — Шоден, Окуден и Шинпиден, кој во мојата обука беше поделен на мајсторски и учителски степен. Секој следен чекор произлегуваше од желбата подлабоко да ја разберам практиката, да ја применувам со поголема свесност и да созревам во одговорноста што ја носи работата со енергијата и со човекот.
Шоден
Окуден
Шинпиден — мајсторски
Шинпиден — учителски
Посветеноста ја продлабочува практиката
Формалната подготовка ја поставува основата, но вистинското учење продолжува низ личната практика и работата со луѓе. Секоја сесија носи ново искуство, бара внимателно присуство и ме учи уште попрецизно да го слушам енергетското поле и да го приспособувам начинот на работа кон човекот што е пред мене.
Со текот на времето, знаењето престанува да биде само она што е научено и станува нешто што се живее и практикува. Чувствувањето станува појасно, довербата во процесот се продлабочува, а со неа раст е и одговорноста кон секој човек што ми ја доверува својата состојба и искуство.
Од практичар до мајстор-учител
Мојата посветеност на изучувањето и практикувањето на Реики постепено ме доведе до највисокото звање во мојата обука — Реики мајстор-учител. За мене, тоа звање не претставува само потврда за завршени степени, туку зрелост да го применувам знаењето одговорно и да го пренесувам понатаму.
Со учителскиот степен започна и нов дел од мојата практика — подучувањето и иницирањето ученици. Во оваа улога не пренесувам само знаење и постапки, туку го поддржувам секој ученик постепено да го развие сопственото чувствување, разбирање и однос кон Реики.
Знаењето продолжува да се развива
Мајсторскиот и учителскиот степен не се крај на учењето. Практиката продолжува да се продлабочува преку секоја сесија, секој ученик, личното истражување и искуството што се гради со текот на времето.
Четирите степени ја означуваат формалната патека, но суштината на мојот однос со Реики е во континуираната посветеност — знаењето да остане живо, да се применува со свесност и да се пренесува со почит и одговорност.
ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред да ја закажете сесијата
Овде се собрани најважните практични информации за времетраењето, закажувањето, подготовката и периодот по Реики сесијата.
Редовните Реики сесии во живо и на далечина вообичаено траат од 40 до 50 минути. Првиот енергетски третман трае приближно еден час, бидејќи вклучува енергетско скенирање и комплетен третман на физичкото тело низ сите предвидени положби на рацете. Тој има подготвителна улога и ја поставува основата за понатамошните третмани.
Пред првиот третман се одвојува приближно еден час за детален разговор за причината поради која човекот доаѓа, неговата моментална состојба и она што сака да го поддржи преку сесиите. Во текот на разговорот се објаснува начинот на работа и се определува намерата за понатамошниот процес.
Бидејќи по разговорот следува првиот енергетски третман, за целата прва средба е потребно да се одвојат приближно два часа.
Кога околностите го дозволуваат тоа, пожелно е првата сес ија да се
одржи со физичко присуство. Доколку средбата во живо не е можна, првиот разговор, енергетското скенирање и подготвителниот третман може да се одржат и на далечина.
Сесиите во живо се одржуваат во просториите на EFEL во Скопје. Термин се закажува телефонски, при што се договараат времето, формата на сесијата и сите потребни практични детали.
Не е потребна посебна физичка подготовка. Најважно е човекот доброволно да доаѓа на сесијата, да биде сигурен дека го сака ова искуство и да биде отворен за примање на енергијата.
За сесија на далечина потребно е да обезбеди мирен простор во кој ќе може удобно да лежи или да седи без прекинување.
По сесијата се препорачува човекот да пие вода и, кога е можно, да изеде топол оброк. Во просториите на EFEL по завршувањето се нуди и бомбона како мал дел од враќањето и уземјувањето по енергетската работа.
Најважната препорака е остатокот од денот да помине помирно и со повеќе одмор. Доколку сесијата се одржува подоцна попладне или навечер, добро е повеќе простор за одмор да се остави и следниот ден.
По енергетската работа понекогаш може да се појават поспаност или замор, додека телото и внатрешното доживување постепено го интегрираат искуството.
Вообичаено е доволна една сесија неделно, за да се остави време енергетската работа и доживеаното постепено да се инте грираат. Кога човекот има потреба од поголема поддршка, сесиите понекогаш може да се одржуваат и двапати неделно. Ритамот се определува индивидуално, според состојбата, потребите и начинот на кој човекот реагира на процесот.
Во EFEL се одржуваат Реики сесии и за деца, со согласност на родителот или старателот и со почитување на желбата и подготвеноста на самото дете. Сесијата не се одржува доколку детето не сака да учествува или не
се чувствува пријатно со процесот.
Во рамките на практиката на EFEL, Реики сесии не се закажуваат за
време на бременоста, кај лица со потешки психијатриски состојби,
како шизофренија, биполарно растројство и други сериозни нарушувања, ниту кај лица со вграден електронски медицински уред, како пејсмејкер или кохлеарен имплант.
Овие граници се дел од професионалната одговорност и го определуваат опсегот на практиката на EFEL. Реики е комплементарна практика и не ја заменува потребната медицинска, психолошка или психијатриска проценка и грижа.
Откажувањето или поместувањето на терминот треба да се направи најдоцна 48 часа пред закажаната сесија. Навременото известување овозможува терминот да му биде понуден на друг човек и полесно да
се договори ново време за сесијата.
КОГА Е ПОТРЕБЕН ПРОСТОР ЗА СЕБЕ
Простор за тишина, присуство и подлабок контакт со себе
Реики сесијата создава простор во кој човекот може да се смири, да се поврзе со сопственото внатрешно доживување и да го насочи вниманието кон она што во моментот му е потребно. Процесот започнува со договорената намера и се развива во согласност со неговото темпо, лични граници и подг отвеност.
ЕНЕРГИЈА • ПРИСУСТВО • ПОВРЗАНОСТ
Реики
Тивка енергетска практика што создава простор за одмор, присуство и подлабок контакт со себе.
Во EFEL, Реики го следи човекот — неговото темпо, лични граници и индивидуален начин на одговор. Секоја сесија се одвива со слободна согласност, без присилување и без однапред зададен исход.

ЈАПОНСКА ЕНЕРГЕТСКА ПРАКТИКА
Суштината на Реики
Реики е јапонска енергетска практика во која мирното присуство, намерата и работата со рацете овозможуваат проток на енергија и создаваат простор за подлабоко поврзување на човекот со себе. Пред почетокот на работата, практичарот и клиентот разговараат за она што клиентот го доживува, за поддршката што ја бара и за намерата со која ќе се пристапи кон сесиите. Намерата му дава насока на процесот, но не наметнува однапред определен исход.
Во рамките на Реики традицијата, енергијата се разбира како животен проток присутен во човекот и во природата. Практичарот не ја користи сопствената енергија, туку служи како канал за космичката енергија. Во текот на сесијата, рацете нежно се положуваат на одредени делови од телото или се задржуваат над него, овозможувајќи ѝ на енергијата да протекува во согласност со потребите и подготвеноста на човекот.
Слушање на енергетското поле
Во EFEL, првата сесија воедно вклучува енергетско скенирање, при кое практичарот внимателно го следи енергетското поле и ги забележува местата каде што чувствува застој, тежина, нерамнотежа, телесна непријатност или посилен емоционален набој. При скенирањето често јасно се чувствуваат и емоциите присутни кај клиентот. На крајот од сесијата, практичарот ги споделува своите сензации и согледувања како лично доживување од енергетската работа, а не како медицинска дијагноза или апсолутно толкување. Клиентот самиот препознава што од споделеното се поврзува со неговото искуство.
Човекот како целина
Во енергетското разбирање на Реики, човекот се согледува како целина во која физичкото, емоционалното, менталното и духовното тело се меѓусебно поврзани. На физичко ниво, сесиите можат да придонесат за намалување на телесната напнатост, подлабок одмор, олеснување на болката и поддршка на природните процеси на обновување. На емоционално ниво, тие можат да овозможат препознавање, разбирање и постепено ослободување на наталожената тага, лутина, жалост, бес или осаменост. На ментално ниво, Реики може да го смири прекумерниот тек на мислите, да донесе поголема јасност и да му помогне на човекот да ги согледа сопствените обрасци, постапки и избори. На духовно ниво, може да ја продлабочи поврзаноста со сопствената суштина, интуицијата, внатрешното водство и чувството за смисла.
Овие нивоа не се одвоени едно од друго. Олеснувањето во телото може да отвори простор за емоционално ослободување; смирувањето на емоциите може да донесе поголема ментална јасност; а новите увиди можат да го поттикнат човекот да го преиспита начинот на кој живее, односите што ги гради и насоката во која се движи. Кога се практикува редовно, Реики може да поддржи постепено урамнотежување, поголема самодоверба, посвесни животни избори и подлабок процес на лично и духовно исцелување. Практичарот не ги определува овие промени — тие се раѓаат во самиот човек, во негово време и во согласност со неговата подготвеност.

Микао Усуи — изворот и наследството на Реики
Во основата на Реики стои Микао Усуи, јапонски духовен учител и основоположник на системот Усуи Реики Рјохо, кој се развил во Јапонија на почетокот од дваесеттиот век. Во Реики традицијата тој со почит се нарекува Усуи Сенсеи — учителот чија духовна потрага, посветеност и лична практика довеле до обликување на систем во кој работата со енергијата е неразделно поврзана со животните принципи, свесноста и внатрешниот развој. Неговото учење не било ограничено само на положувањето на рацете, туку претставувало пат на лична преобразба и подлабоко усогласување на човекот со себеси и со начинот на кој живее.
Микао Усуи не го задржал ова знаење само за себе, туку го пренесувал на своите ученици и ги поставил темелите на учителските линии п реку кои Реики продолжил да живее и да се шири. Благодарение на неговата посветеност и одлуката да го сподели овој систем со другите, денес луѓето низ целиот свет можат да ја практикуваат и да ја искусуваат вредноста на Реики. Неговото дело останува во основата на секоја Реики практика и се пренесува понатаму со благодарност, одговорност и почит.